Дома Фудбал Останато Како Нерес во сезоната од бајките за Ајакс добил бизарна суспензија – за се била „виновна“ фризурата!

Како Нерес во сезоната од бајките за Ајакс добил бизарна суспензија – за се била „виновна“ фризурата!

Фудбалерот на Ајакс Давид Нерес како и повеќе негови соиграчи со своите настапи оваа сезона го привлече вниманието на голем број европски клубови.

Овој 22 годишен Бразилец одигра вкупно 50 натпревари во дресот на Ајакс, запиша 15 асистенции и постигна 12 голови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа беше доволно интерес за неговите услуги да покажат Атлетико, Јувентус, Интер и ПСЖ, но засега ниту еден од овие клубови не повлекол конкретен потег.

Затоа Нерес и понатаму е дел од тимот од Амстердам, а сега раскажа една интересна анегдота во која главни актери се тој и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.

„Тренерот Ерик Тен Хаг ми кажа дека имам лоша фризура. Јас му одговорив да се грижи за неговата фризура, а јас ќе се погрижам за мојата. Поради бев ставен на клупа во следните два натпревари“, изјави Нерес.

Во овој момент тој се наоѓа со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка. Вчера Бразилците го отворија турнирот со триумфот над Колумбиај од 3:0, Нерес во тој натпревар играше до 82-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…