Сите еминентни медиуми во Италија тврдат дека е постигнат договор, Маурицио Сари го напушта Челзи и ќе се пресели во Јувентус.
Клубот од Торино ќе го превземе досегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари кој на клупата на шампионот на Италија ќе го наследи Масимилијано Алегри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите помеѓу Јувентус и Челзи завршиле успешно. Лондонскиот клуб ќе го ослободи Сари од менаџерската должност за сума од три милиони фунти.
Се очекува денес 60 годишниот стратег да биде именуван за нов тренер Јувентус, а медиумите ги открија сите детали од соработката.
Сари со Јувентус ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона, а познат е и неговиот тим.
Сари во Торино ќе пристигне со тимот на помошници со кои работеше во Челзи и Наполи – Паоло Бартели, Лука Готи и Марко Иани.