Дома Трансфер зона „ЕСПН“: Де Роси постигнал договор, познато каде ја продолжува кариерата!

„ЕСПН“: Де Роси постигнал договор, познато каде ја продолжува кариерата!

Долгогодишниот играч на Рома Даниеле Де Роси во наредниот период ќе биде член на американскиот клуб Лос Анџелес ФК кој од 2014 година ќе се натпреварува во МЛС лигата.

Даниеле Де Роси после скоро 20 години во Рома се прости од саканите клуб. За „волчиџата“ настапи на 459 натпревари и постигна 43 гола. Во текот на кариерата Де Роси важеше за еден од најдобрите играчи за врска како во Италија така и во Европа, а познат е по цврстите дуели и одличните додавања поради што беше незаменлив член на Рома.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За Де Роси прво се шпекулираше дека треба да премине во Бока Јуниорс, но сепак според информациите на „ЕСПН“ тој ќе го облече дресот на Лос Анџелес ФК. Овој клуб постои од 2014 година и е голем ривал на Лос Анџелес Галакси, но од МЛС лигата се натпреварува од минатата сезона.

За овој клуб игра поранешниот напаѓач на Арсенал, Мексиканецот Карлос Вела. Во актуелната сезона Лос Анџелес ФК игра одлична сезона бидејќи се наоѓа на првата позиција на Западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…