На завршниот фајнл-фор во Лигата на нации победник беше Португалија, која го освои првиот трофеј во новоформираното натпреварување на УЕФА.
Фудбалската федерација на Португалија ќе добие 10,5 милиони евра награда од УЕФА за триумфот во првото издание од Лигата на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што објави Европската фудбалска централа, финалистот на турнирот, репрезентацијата на Холандија ќе добие девет милиони евра.
Третопласираната Англија заработи осум, додека на Швајцарија која го освои 4.место ќе и бидат префрлени седум милиони евра.
Во овие суми влегуваат и 4,5 милиони кои им беа гарантирани на учесниците на завршниот турнир во Португалија, како победници во четирите групи од А-дивизијата.