Дома Фудбал Репрезентации Португалија ја освои Лигата на Нации, но се уште нема обезбено пласман на Европското првенство

Португалија ја освои Лигата на Нации, но се уште нема обезбено пласман на Европското првенство

Селекцијата на Португалија ќе влезе во историјата како прва фудбалска репрезентација која ја освоила Лигата на Нации.

Вчера со голот на Гонзало Гуедеш Португалија ја победија Холандија со 1:0 на завршниот турнир на кој беа домаќини.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англија во борбата за третото место после пенали беше подобра од Швајцарија. Откако после 90 минути, а потоа и после 120 минути се пристапи кон изведувањето на пенали. Сите шест изведувачи на Англија беа прецизни, додека Јосип Дрмиќ го промаши последниот пенал за Швајцарија.

За многумина правилата на Лигата на Нации не се баш најјасни, односно кои репрезентации можат да изборат пласман на ЕП 2020 година. Поголемиот дел љубители на фудбалот помислија дека Португалија автоматски со освојувањето на Лигата на Нации обезбеди пласман на ЕП.

Сепак, тоа не е така. Турнирот во Португалија на кои настапија најдобрите четири селекции кои во најдобри во групите од најсилната конкуренција, го донесе освојувачот на ова натпреварување.

За место на Европското првенство повторно ќе биде организиран турнир во март, после квалификвациите, а на него екипите ќе имаат шанса да се пласираат на ЕП ако тоа не го направат преку квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…