Дома Фудбал Останато Откриен нов разговор: Најила со нови тешки обвивнувања за Нејмар!

Откриен нов разговор: Најила со нови тешки обвивнувања за Нејмар!

Се појавија нови детали за случајот на Нејмар, односно за обвинувањата дека ја сил*увал манекенката Најила Тринидаде на 15-ти мај во хотел во Париз.

Бразилскиот „Рекорд“ го објави разговорот помеѓу моделот и нејзиниот (сега веќе) поранешен адвокат на „Ватс Ап“ во која го обвинува Нејмар со тешки зборови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Дали требаше да одам на лекарски преглед? Мислев дека нема жива да се вратам од Бразил. Сакав да го разоткријам уште во Париз, но се плашев затоа што бев сама. Мој боже, тој е луд“, напишала Најила, а адвокатот и одговорил:

„Законот те штити, ако имаш фотографии тоа е доволно. Кога малку ќе се смириш испрати ми го материјалот“.

Најила не се смирла и продолжила со пораките.

„Ме тепаше и ја фотографираше страната на која ме удираше, веројатно за да се фали на пријателите. Идниот ден јас него го удрив бидејќи не сакав да се вратам дома така лута. Ме тепаше и ме сил*ваше, беше под дејство на алкхол, а можеби и други посилни супстанци. Насилен е треба да биде затворен, тој не е човек кој треба да биде во друштво на други луѓе, закана дури и самиот за себе“, напишала девојката.

Неколку часа подоцна повтроно Најила испратила порака до адвокатот.

„Ќе ја објавам снимката. Не сакам да испадне чист и среќно да продолжи да игра фудбал додека јас патам. Немам намера да патам сама“, стоело во новата порака Најила, на што адвокатот и одговорил:

„Правниот суд постои со причина, ако сакаш можеш ссама да бараш правда. Можеби е подобро да пронајдеш друг адвокат“.

Тринидаде се сложила и му ветила дека ќе му ја испрати потребната документација за раскинување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …