Дома Фудбал Репрезентации Aргентина ја декласираше Никарагва, Меси си поигруваше со немоќните противници (ВИДЕО)

Aргентина ја декласираше Никарагва, Меси си поигруваше со немоќните противници (ВИДЕО)

Аргентина рано утрово одигра пријателски натпревар, а „настрада“ селекцијата на Никарагва која беше победена со 5:1.

Своја вечер имаше Лео Меси. Напаѓачот на Барселона беше стрелец на два гола од кои посебно се истакна со првиот кога си поигруваше со немоќните противници.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 37-та минута Меси на дело покажа дека е далеку понапред од нивото на репрезентативците на оваа селекција. Едноставно, овие играчи не се негово ниво.

Само минута после првиот гол Меси постигна и втор кога ја смести топката во мрежата после шутот на Агуеро.

https://youtu.be/CCkY2Dou14s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …