Италијанските медиуми потврдија дека се е договорени и дека нов тренер на Милан ќе биде Марко Џампаоло.
Актуелниот тренер на Сампдорија веќе постигнал комплетен договор со „росонерите“ и ќе потпише двегодишен договор, а на „Сан Сиро“ ќе заработува 2 милиони евра по сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џампаоло во понеделник ќе има средба со претседателот на Сампдорија каде спогодбено ќе го раскине договорот, а потоа ќе биде промовиран во нов тренер на Милан.
Овој 51-годишен стратег во кариерата водеше голем број на тимови. Трите претходни сезони ги помина во Сампдорија, а претходно ги предводеше Емполи, Кремонесе, Катанија, Сиена и Каљари.
Џампаоло во Милан доаѓа како избор на Паоло Малдини, кој ќе има одврзани раце на одлучување и ќе биде технички директор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Малдини го убедил и Ѕвонимир Бобан да се врати на „Сан Сиро“ каде ќе му биде дадена директорска функција.