Тимот на Силекс успеа да се избори за опстанок во првата македонска лига откако денес со 3:2 го совлада Тиквеш на стадионот во Ѓорче Петров.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силекс на најдобар можен начин го започна баражот против Тиквеш. Само 15 минути им беа потребни за да стигнат до предност од 2:0, двоен стрелец беше Бобан Ѓоргиев.
Кратовчани се вратија во игра кога во 22-та минута Ивановски намали на 1:2, но набрзо потоа Рајковиќ погоди за 1:3.
Во второто полувреме Тиквеш успеа да намали на 2:3, но тоа беше се што направија, па не успеаа да се изборат за место во најсилната македонска лига и следната сезона ќе игра во втората лига.
Ќе потсетиме претходно место во прва лига обезбедија Борец од Велес и Струга Трим Лум.