Вардар вчера стана европски шампион и покрај сите проблеми со кои се соочуваа ракометарите во последната година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иван Чупиќ понесен од големата еуфорија јасно порача дека нема намера да заминува од Вардар.
Чупиќ зад своето име три трофеи во Лигата на шампионите. Во 2016 година стана европски шампион со Киелце, а во 2017 и оваа година со Вардар.
„Убава приказна завршува на најдобар можен начин. Дали останувам во Вардар? А каде би одел? Скопје е фантастичен град, тука се и најдобрите навивачите. Семејството исто така ми е задоволно“, изјави Чупиќ.