Дома Ракомет Тренерот на Барселона за херојскиот подвиг на Вардар ги обвини судиите!?

Тренерот на Барселона за херојскиот подвиг на Вардар ги обвини судиите!?

Вардар денес ја шокираше Барселона победувајќи во полуфиналето откако на полувремето губеше со седум разлика.

Стратегот на Барселона за поразот на неговиот тим ги обвини – судиите!?

„Кога на еден фајнл-фор играат најдобрите екипи, тогаш треба да ги имаме и најдобрите судиите. Во второто полувреме судиите не казнија. Не успеавме да се вратиме и паднавме психолошки, ни ги исклучуваа играчите, добивавме црвени картоини…Додека некои други работи на спротивната страна не видоа. Тоа многу влијаеше“, изјави Пасквал, а потоа сепак и му честиташе на Вардар.

„На крајот морам да му честитам на Вардар, посебно на тренерот Парондо кого добро го познавам“, заврши стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски го водеше Пелистер до седми триумф, Тиквеш се врати на победите

Еурофарм Пелистер го совлада Младост со 36:21 пред дербито со Вардар, а Тиквеш по поразот …