Дома Трансфер зона Азар е во Шпанија и веќе се потпишува на дресови од Реал (фото)

Азар е во Шпанија и веќе се потпишува на дресови од Реал (фото)

Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е само прашање на време, а Белгиецот веќе пристигна во Шпанија каде се одмара после долгата сезона.

Азар постигна договор со „кралевите“, јавно ја откри својата намера да ја промени средината, па сега чека клубовите да ги договорат последните детали околку трансферот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред неколку дена медиумите открија дека двата клуба се договориле за трансфер тежок 115 милиони фунти, но Челзи се обидува да извлече повеќе пари од Реал така што ќе вметне неколку клаузули во договорот.

Денес Белгиецот пристигна во Марбеља, каде се одмара од долгата сезона и чека повик да дојде во Мадрид да го потпише договорот со Реал Мадрид. Таму Азар беше пресретнат од фанови на Реал кои побараа од него да се потпише на „кралскиот“ дрес.

Реал брза да го договори трансферот до 7-ми јуни, кога ќе биде официјалното претставување на новиот дрес за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…