Баерн Минхен одлучи да не ја искористи опцијата за откуп на Хамес Родригез, па Колумбиецит и официјално ќе се врати во Реал Мадрид.
Меѓутоа, јасно е дека за него нема повеќе место на „Сантиаго Бернабеу“, а последните информации се дека може да ја продолжи кариерата во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ тврди дека Јувентус и Наполи се двата клуба кои покажуваат најсилен интерес за Хамес во моментов и веќе стапиле во конаткт со неговиот агент.
Наводно 27-годишниот Колумбиец дал согласност да се пресели на Апенините, а Реал Мадрид има намера од неговиот трансфер да заработи 70 милиони евра.
Токму тоа е и најголемиот проблем, бидејќи споменатите клубови не сакаат да платат повеќе од 50 милиони евра и се надеваат дека „кралевите“ сепак ќе попуштат во барањата.
Хамес минатата сезона за Баерн одигра 28 меча на кои постигна 7 гола и запиша 6 асистенции.
Napoli y Juventus buscan a James Rodríguez https://t.co/kgTCLLaaaj pic.twitter.com/PlNEHHUYx1
— StudioFútbol (@StudioFutbol) May 30, 2019