Дома Трансфер зона Сане го одби Баерн Минхен, останува во Сити

Сане го одби Баерн Минхен, останува во Сити

Баерн Минхен јавно го потврди интересот за Лерој Сане и испрати понуда, но последните информации се дека Германецот ќе остане во Манчестер Сити.

Баварците запотписот на Сане му понудија на Сити сума од 80 милиони евра, додека на фудбалерот му беше понуден петгодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, на крај, од тој трансфер нема да биде ништо. Сане нема намера да се врати во Бундеслигата, па сигурно и следната сезона ќе го носи дресот на „граѓаните“.

Од другата страна Баварците ќе мора да разгледаат и други опции. Приоритет е доведување на крилни напаѓачи, а полседните информации се дека ќе се насочат кон Пауло Дибала.

23-годишниот Германец одигра одлична сезона со Манчестер Сити, одигра вкупно 47 натпревари, а имаше допринос од 16 погодоци и 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…