Мадридскиот весник „АС“ ексклузивно пренесува дека Реал Мадрид ќе го претстави Еден Азар во понеделник на 3-ти јуни.
Веќе подолго време стигнуваат потврди од сите страни дека „кралевите“ го договориле трансферот на Азар, кој треба да биде првото големо засилување за следната сезона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Вечерва се игра финалето во Лига Европа, што треба да биде последен натпревар на Азар во дресот на Челзи, а потоа се сели во Мадрид.
Медиумите на Островот утрово пренесоа дека е постигнат комплетен договор и дека Реал за потписот на Азар ќе плати 115 милиони фунти, а Белгоецот во Мадрид ќе заработува 400.000 фунти неделно.
Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, од свои добро упатени извори пренесува дека клубот ќе го претстави Еден Азар на 3 јуни.
Вчера и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека е оптимист за реализација на трансферот на Еден Азар.
Chelsea have agreed a £115m fee for Eden Hazard, with the Belgian set to sign a £400k-a-week Real Madrid deal. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/I4G4IZxLhr
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2019