Дома Фудбал Италија Кој е фаворит за празното тренерско столче во Милан?

Кој е фаворит за празното тренерско столче во Милан?

Џенаро Гатузо поднесе оставка на позицијата тренер на Милан иако имаше договор до 2021 годна.

Легендата на „росонерите“ имаше уште две години од договорот, но се откажува од парите (5,5 милиони евра) и е спремен спогодбено да го раскине договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали се откажувам од парите од договорот? Нормално, сторијата помеѓу мене и Милан никогаш не била поврзана со пари“, кратко истакна Гатузо.

Медиумите веднаш почнаа да лецитираат со имиња кои би можеле да го наследат Гатузо на клупата на Милан.

Заедно со Гатузо заминува и спортскиот директор Леонардо, па новиот тренер ќе биде избран од страна на генералниот директор Иван Газидис.

Медиумите тврдат дека главен фаворит е актуелниот тренер на Монако, Леонардо Жардим.

Како алтернатива се споменува актуелниот предводник на Сампдорија, Марко Џампаоло и Симоне Инзаги од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…