Дома Фудбал Останато Европските клубови се дигнаа против Светското првенство

Европските клубови се дигнаа против Светското првенство

Во сабота во Мадрид се игра финалето на најелитното европско натпреварување, Лигата на шампиони, каде силите ќе ги одмерат Ливерпул и Тотенхем.

Меѓутоа, кој и да го освои трофејот во Лигата на шампиони, следната година нема да учествува во Светското клупско првенство. Причината е едноставна – оваа година тоа натпреварување нема да биде одиграно.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во меѓувреме дојде до промена на форматот на ова натпреварување, па за прв пат Светското клупско првенство во 2021 година ќе биде одиграно како турнир на кој ќе учествуваат 24 клуба.

Така СП за клубови би изгледало на она вистинското, репрезентативно Светско првенство, а не како што досега беше праксата, да играат само континенталните шампиони.

Европа би имала претставници во осум екипи, по четири освојувачи на Лигата на шампионите и Лигата на Европа во претходните четири години, а тоа значи дека во овој момент не би имало место за клубови како Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Сити, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…

Јужна Америка би имала шест претставници, Африка, Азија и КОНКАКАФ зоната по три, додека еден претставник би бил од Океанија.

Меѓутоа, Здружението на европски клубови (ЕКА) најави дека европските клубови може да го бојкотираат Светското првенство, доколку не се промени начинот на учество. Тие бараат најмногу клубови да има од Европа и тоа најдобрите 8 по УЕФА ранг листа во тој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …