Дома Трансфер зона Јувентус спреми нов договор за својот „вундеркинд“

Јувентус спреми нов договор за својот „вундеркинд“

19-годишниот напаѓач Моис Кин оваа сезона буквално „експлодира“ во дресот на Јувентус, па дури и заработи повик за италијанската репрезентација.

Кин се етаблираше во еден од најголемите европски таленти, па многу европски гиганти сакаа да го „украдат“ од Јувентус, особено поради фактот што неговиот договор со „старата дама“ истекува следната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа Јувентус ништо не остава на случајноста и веќе постигна договор за продолжување на соработката. „Бјанконерите“ на младиот напаѓач му понудија договор до 2024 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.

Тоа е дури четири пати повеќе од сегашната плата на Кин, па последните информации се дека ја прифатил понудата и наскоро и официјално ќе стави потпис на нов договор.

https://youtu.be/z28nyVYTaX0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…