Дома Трансфер зона Џеко е во Истанбул, медиумите го селат во Фенербахче (фото)

Џеко е во Истанбул, медиумите го селат во Фенербахче (фото)

Един Џеко готово сигурно ќе ја напушти Рома во летниот преоден рок, а туските медиуми денес шпекулираат дека Босанецот би можел кариерата да ја продолжи во Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причина за тоа е што босанскиот голгетер денес заедно со своето семејство пристигна во Истанбул, а турските медиуми тврдат дека е во завршни преговори со Фенербахче.

Џеко со Рома има договор на уште една годна, но клубот не сака да му понуди нов договор, па јасно е дека Џеко ќе побара промена на средината.

Италијанските медиуми вчера објавија дека Босанецот веќе се договорил со Интер и кариерата ќе ја продолжи во Милано.

На Апенините тврдат дека Џеко сигурно ќе потпише за Интер, а дека во Истанбул пристигнал туристички со своето семејство.

Сезонава 33-годишниот напаѓач постигна 14 голови и 11 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…