Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно зборуваше за својата иднина, која се уште е нејасна после отказот во Манчестер Јунајтед.
„Специјалниот“ истакна дека сака внимателно да го избере својот нов клуб и смета дека треба да биде рационален при изборот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Единствено што знам е дека не можам да бидам емоционален во донесувањето на одлука. Морам да бидам рационален. Нема потреба да одбирам нова средина само затоа што сакам да работам. Не сум очаен за да сакам да работам каде било. Ќе го изберам следниот клуб доколку видам дека е вистински мотивирачки проект за мене“, изјави Мурињо.
„Сакам да се вратам посилен од било кога. Учам многу и напорно работам на себе за да бидам подготвен да се вратам на највисоко ниво“, додаде Португалецот.
What next for Jose Mourinho?
More: https://t.co/q1vRdczr8E pic.twitter.com/8tI8GKnlq9
— Sky Sports Football (@SkyFootball) May 25, 2019