УЕФА за место на одигрувањето на финалето во Лигата на Европа го избра Азербејџан и Олимпискиот стадион во Баку.
Оваа одлука веднаш наиде на негодување од фудбалската јавност, а како што се наближува денот на финалето таа ситуација е се полоша.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во финалето од Лигата на Европа кое се игра во среда на 29-ти мај ќе се сретнат Арсенал и Челзи и се поголеми се шансите трибините на стадионот во Баку да не доликуваат на едно финале.
Навивачите на лондонските ривали, па и самите клубови од поодамна изразија незадоволство што финалето ќе се игра во Азербејџан.
Клубовите добија само по 6.000 влезници, но сега се шпекулира дека половина ќе и вратат на УЕФА.
Имено, Арсенал на четири дена до натпреварот продаде само 3.500 влезници, додека Челзи продаде само 2.000.
Причината е бојкотот поради долгото патување до Баку, навивачите од Лондон треба да поминат околу 4.000 километри поради одењето на финалето ги чини многу скапо.