Се наводно помеѓу Де Лихт и Барселона било договорено уште во април. Ајакс се задоволи со оштета од 70 милиони евра, се тврдеше и дека Де Лихт ќе тргне по стапките на Де Јонг, иако би бил помеѓу помалку платените играчи на „Камп Ноу“.
Сепак сега се појави информација дека проблем прави Мино Раиола кој е познат како човек кој сака да извлече максимум. Добро познато е какви проблеми му направи на Милан со Џанулуџи Донарума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раиола изгледа почнал да ги нервира Каталонците и локалните медиуми кои претходно тврдеа дека се е завршено сега не се толку сигурни.
Суперагентот се обидува одличните настапи во финишот од сезоната на својот клиент да ги искористи да ја напумпа неговата цена.
Островски медиуми вчера пишуваа дека Манчестер Јунајтед влегол во трката и му понудил на Де Лихт плата од 12.3 милиони фунти по сезона, односно околу 14 милиони евра.
Денес ни пристигнува дополнување на оваа вест и за тоа е виновен самиот Де Лихт.
Имено, токму во моментите кога се појавија информациите дека овој талентиран стопер под влијание на Раиола размислува да ја прифати богатата понуда од Манчестер Јунајтед Де Лихт со потег на социјалните мрежи привлече внимание.
Стоперот на Ајакс одлучил да стави „лајк“ на фотографија која ја објави Рио Фердинанд на која легендарниот фудбалер прославува титула со тимот на „ѓаволите“.
Ова беше доволен повод за голем број светски медиуми да пренесуваат дека Де Лихт навистина има контакт со Манчестер Јунајтед.