Дома Трансфер зона Гризман не сака да ја чека Барселона: Французинот стапи во контакт со друг ГОЛЕМ гигант

Гризман не сака да ја чека Барселона: Французинот стапи во контакт со друг ГОЛЕМ гигант

Францускиот крилен напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман потврди дека на крајот од сезоната по пет години ќе го напушти клубот.

Веднаш по објавените видео материјали на официјалниот Твитер профил на клубот од Мадрид, медиумите во Шпанија го преселија искусниот Гризман во Барселона. Интересот постоеше и тоа не беа само обични шпекулации. Проблемот се појави во соблекувалната на тимот, бидејќи Меси и друштвото наводно не сакаат „разгален“ играч меѓу нив.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ернесто Валверде потврди дека Барселона го сака Гризман, но дека конечно ќе одлучи по натпреварот во Купот на Кралевите кој на програмата е овој викенд. Наводно, Французинот е нетрпелив и не сака да дозволи подоцна да пристигне на припремите на новиот клуб и тука во приказната се приклучува Манчестер Јунајтед.

Англискиот гигант веќе ги подготви парите кои ги сака управата на Атлетико Мадрид и ќе се обиде работата да ја заврши до крајот на месецот, само прашање е дали напаѓачот ќе се задоволи со играње во Лигата на Европа следната сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…