Ливерпул сериозно ја разгледува можноста да го продаде Џердан Шаќири ова лето, пренесуваат англиските медиуми.
27-годишниот Швајцарец минатото лето пристигна на „Енфилд“ и одигра неколку одлични натпревари, иако најчесто влегуваше од клупата за резерви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега Клоп сака да се ослободи од Шаќири за на „Енфилд“ да ја донесе младата ѕвезда на Виљареал, Саму Чакуезе.
20-годишниот талент е главна трансфер мета на Ливерпул ова лето. Тој одигра фантастична сезона за „жолтата подморница“ и го привлече вниманието на Јирген Клоп.
Нигериецот важи за еден од најголемите таленти во Европа и се здоби со епитетот „нигерискиот Робен“, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговите агенти.
За да го финансира овој трансфер, но и за да направи место во тимот, Клоп е спремен да се ослободи од Шаќири.