Дома Трансфер зона Јувентус се засилува со турски репрезентативец

Јувентус се засилува со турски репрезентативец

Јувентус ова лето сака да ја подмлади дефанзивната линија, а италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ е блиску до трансфер на младиот турски репрезентативец Мерих Демирел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Демирел пролетниот дел од сезоната го помина во Сасуоло на позајмица од Аланиаспор и се покажа во одлично светло.

Овој 21-годишен дефанзивец во Серија А одигра 13 меча во дресот на Сасуоло, а против Киево успеа да се запише и во листата на стрелците.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе ги започнал преговорите и е блиску до комплетирање на трансферот.

Потписот на Демирел ќе ги чини „бјанконерите“ 15 милиони евра, но се уште не е јасно дали турскиот репрезентативец веднаш ќе се пресели во Торино или ќе остане во Сасуоло уште една година на позајмица.

„Газета дело Спорт“ исто така ја потврди веста и додаде дека Јувентус веќе договорил петгодишна соработка со менаџерите на Демирел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…