Дома Фудбал Италија Фото: Интер ги претстави новите дресови без Икарди!

Фото: Интер ги претстави новите дресови без Икарди!

Миланскиот гигант Интер денес преку социјалните мрежи го претстави дресовите за наредната сезона кои традиционално ги израбоди „Најк“.

„Скрши ги линиите, оствари ги соништата“, е мотото кое Интер го избра за промоција на новите дресови со кои „нероаѕурите“ ќе настапуваат на домашните натпревари.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Дресот кој го изработи „Најк“ е со вертикални црно-сини линии, но на градите линиите се дијагонални.
„Нероаѕурите“ овој дрес за прв пат ќе го носат во последниот натпревар од Серија А, против Емполи на „Џузепе Меаца“.

Интересно, Мауро Икарди не беше меѓу моделите кои го претставуваа новиот дрес, што е јасен знак дека Аргентинецот најверојатно ќе го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола за повредата на Халанд, дали има причина за грижа?

Ерлинг Халанд претрпе полесна повреда и не е познато дали ќе биде подготвен за следниот ме…