Дома Фудбал Погба и Жоржињо во најлошиот тим во Премиер лигата (фото)

Погба и Жоржињо во најлошиот тим во Премиер лигата (фото)

По завршувањето на сезоната во Премиер лигата традиционално се бираат најдобриот тим и најдобрите играчи.

Вирџил ван Дајк е избран за најдобар фудбалер оваа сезона, а голема „прашина“ крена изборот на Пол Погба во најдобриот тим на сезоната.

На никого не му е јасно како Погба успеа да се најде во идеалниот тим, бидејќи статистички гледано позади себе има лоша сезона.

„Сан“ денес го објави најлошиот тим во Премиер лигата по сите статистички параметри, а тој изгледа вака:

Голман: Асмир Беговиќ (Борнмут)

Дефанзивци: Кристофер Шиндлер (Хадерсфилд), Бруно Манга (Кардиф), Вес Морган (Лестер), Шон Морисон (Кардиф).

Среден ред: Ив Бисума (Брајтон), Жоржињо (Челзи), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Етиен Капу (Ватфорд).

Напад: Глен Мареј (Брајтон), Лорен Депоитре (Хадерсфилд).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот трофеј е освоен, Даме бара уште: Сент Луис не запира тука

Сент Луис го освои Купот на САД и обезбеди настап во Купот на шампионите, а тренерот Јоан …