Од кога Масимилијано Алегри го напушти Јувентус, многу имиња се поврзуваат со клупата на „старата дама“ за потенцијален негов наследник, а едно од имињата беше и Жозе Мурињо.
Во последно време Мурињо дури и најмногу се поврзуваше со Јувентус бидејќи Роналдо го повикал да дојде во Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако изгледаше како медиумска шпекулација дека тоа е вистина потврди самиот Мурињо!
Најавите дека Роналдо го повикал Мурињо изгледаа посебно неверојатно затоа што е познато дека во Торино не го сакаат португалскиот стратег. Се уште свежи се сеќавањата што правеше Мурињо откако го победи Јувентус оваа сезона во Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед.
Сепак, сега Мурињо го потврди она што се пишуваше.
„Еден од играчите со кои имам одличен однос и игра за тимот ми кажа: Треба да дојдеш следната сезона. Јас на тоа му одговорив дека таму не ме сакаа. Тој потоа ми додаде: Победи во три натпревари и ќе те засакаат“, откри Мурињо.
Освен со навивачите, Мурињо имаше и лош однос со управата на Јувентус во времето кога го тренираше Интер со кој освои „триплета“ (Серија А, Куп, Лига на шампиони).
Which club is Mourinho talking about? One of his former players has asked him to join them in the summer! #beINPL #beINMourinho
Follow the reaction on the website ?https://t.co/AHNWcp7glS pic.twitter.com/zEyca3GmAk
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) March 3, 2019