Дома Трансфер зона Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Сити

Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Сити

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане.

Германецот е одличен оваа сезона, постигна 15 гола и запиша 18 асистенции на 43 меча за „граѓаните“, но во последно време односите помеѓу Сане и Гвардиола се прилично ладни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат германските медиуми, Сане донел одлука да не го продолжува договорот со Сити. Челниците му понудиле продолжување на соработката, но тој веднаш одбил.

„Нешто се промени во неговата глава, спремен е да го напушти клубот уште ова лето“, изјавија извори блиски до играчот.

Сане има договор со Сити до 2021 година, челниците на клубот се спремни да го продадат, но само за сума од 100 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен кој веќе стапил во контакт со неговите агенти и е спремен да го врати Сане во Бундеслигата.

Во Минхен сметаат дека 23-годишниот Германец би бил идеална замена за Франк Рибери кој веќе се прости со Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…