Анадолу Ефес е прв финалист на Фајналфор турнирот во кошаркарската Евролига, откако во полуфиналето го декласираше градскиот ривал од Истанбул, Фенербахче со 92:73.
Двата тима беа израмнети од стартот на мечот. Ефес направи мала 11:5 предност, но Фенербахче се врати за да има минимални 20:19 по првата четвртина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во втората четвртина повторно подобар противник беше Ефес, кој создаде предност од седум поени, а на полувреме замина со водство од 45-40. Во второто полувреме Ефес беше комплетно надмоќен и создаде недостижна разлика за пласман во финалето.
Блескава партија во „Фернандо Буеса“ арена во Виторија имаше Американецот Шејн Ларкин кој постигна 30 коша, одличен беше и Василие Мициќ, стрелец на 25 коша.
Најефикасен во поразениот тим беше Јан Весели во 14 поени, двоцифрени беа уште Ерик Грин (13) и Никола Калиниќ (12).
Големото финале е во недела од 20.30 часот, а противник на Анадолу Ефес ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва што е закажано за вечерва со почеток во 21 часот.