Дома Фудбал Останато Обложувалниците објавија коефициенти: За наследник на Алегри во Јувентус има двајца фаворити

Обложувалниците објавија коефициенти: За наследник на Алегри во Јувентус има двајца фаворити

После состанокот помеѓу Ањели и Алегри денес објави дека човекот кој освои пет Скудета и играше две финалиња во Лигата на шампионите си заминува од Јувентус.

Алегри ќе ја доврши сезоната одигрувајќи ги последните два натпревари од Серија А, а по завршувањето на сезоната во Јувентус ќе пристигне нов стратег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со клупата на Јувентус се поврзуваа повеќе кандидати, а веднаш по отказот како најголем фавроит според обложувалниците се истакна Антонио Конте кој доби коефициент од 2.50.

Конте го водеше Јувентус од 2011 до 2014 година и според многумина токму тој ги постави темелите на тимот кој веќе осум години доминира во Италија. Откако си замине од Јувентус Конте седна на селекторката позиција на Италија, а од 2016 до 2018 година беше тренерн а Челзи со кој го освои првенството во 2017 година.

Вториот кандидат после Конте е Маурицио Покетино за кого коефициентот изнесува 3.75. Аргентинецот со Тотенхем направи голем успех во Лигата на шампионите каде што ќе игра финале против Ливерпул на 1-ви јуни.

Покетино веќе најави дека да се освои титулата во најелитното европско натпреварување би бил фантастичен начин за простување од Тотенхем.

Претходното се споменуваа и имињата на Маурицио Сари, Дидие Дешам, Пеп Гвардиола...Но засега споменатите двајца се први фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…