Фудбалерите на Ајакс вчера со своите навивачи ја прославија двојната круна, а на прославата во Амстердам имаше преку 100.000 навивачи на холандскиот клуб.
Ајакс неодамна ја освои титулата во купот, а вчера ја осигураа и титулата во лигата. Во неверојатна атмосфера играчите на овој клуб со навивачите ги прославија титулите, а на прославата имаше преку 100.000 навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа прослава со сигурност беше една од најдрагите за Клас Јан Хунтелар, кој конечно успеа да освои лигашка титула.
Хунтелар 17-годишната досегашна кариера играше за ПСВ, Де Графшеп, АГОВВ, Херенвен, Реал Мадрид, Милан и Шалке и не успеа да освои ниту една лигашка титула со некој од овие клубови.
Сепак, на овој 35 годишен напаѓач на залезот од кариерата му се исполни и таа желба бидејќи конечно после 17 години успеа со Ајакс да ја освои титулата во Холандија.