Дома Трансфер зона Реал му соопшти на Навас: Можеш да си бараш нов клуб!

Реал му соопшти на Навас: Можеш да си бараш нов клуб!

Раководството на Реал Мадрид го известило голманот Кејлор Навас дека за него нема повеќе иднина на „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Костариканецот не влегува во плановите на Зидан за следната сезона, па може слободно да си бара нов ангажман.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Самиот Зидан го информирал Навас дека за него прв избор ќе биде Тибо Куртоа и дека не планира да прави ротации следната сезона на голот.

Се очекува Навас во недела да го одигра последниот меч за Реал Мадрид, иако има договор со „кралевите“ до 2020 година.

Навас беше прв голман на Реал Мадрид изминатите години и „кралевите“ со него освоија три титули во Лигата на шампиони, но со пристигнувањето на Куртоа тој се пресели на клупата.

Навас сака да се пресели во Премиер лигата, па неговите агенти веќе ги остварле првоте контакти со неколку клубови на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…