Дома Топ вести „Пакет“ од 200 милиони пристигнува на „Камп Ноу“

„Пакет“ од 200 милиони пристигнува на „Камп Ноу“

Барселона оваа сезона доживеа уште една болна елиминација во Лигата на шампиони, па на лето е спремна додатно да го засили тимот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека неколку фудбалери ќе го напуштат „Камп Ноу“ ова лето, а прва мета на Каталонците ќе биде Антоан Гризман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.

Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.

Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.

Наводно Каталонците се спремни да го продадат Кутињо за да го финансисираат трансферот на францускиот репрезентативец.

Тоа не е се. Другата голема трансфер цел на Каталонците е 19-годишниот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт.

Холанѓанецот ова лето сигурно ќе го напушти Ајакс, а наводно веќе ја избрал Барселона како негова следна дестинација, па останува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето.

Каталонсите медиуми тврдат дека за двајцата фудбалери Барселона ќе плати приближно 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…