Дома Фудбал Англија Покетино најави заминување, но само под еден услов!

Покетино најави заминување, но само под еден услов!

Маурисио Покетино со голем успех веќе пет години седи на клупата на Тотенхем, а сега за прв пат најави дека би можел да го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покетино најави дека би можел да разгледа евентуално заминување од Тотенхем доколку неговиот тим стигне до титулата во Лигата на шампионите.

„Спарси“ утре му гостуваат на Ајакс со негатива од 1:0 од првиот меч. За Покетино освојувањето на Лигата на шампиони ќе биде одлично заокружување на петгодишниот престој во Тотенхем.

„Освојување на Лигата на шампионите? Тоа би било фантастично. Да се затвори петгодишно поглавје и да се оди дома. Не се шегувам, зошто би се шегувал? Доколку се освои Лигата на шампионите со Тотенхем во оваа сезона би можел да размислам за нешто поразлично во иднина“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…