Дома Фудбал Англија Компани во 70. минута беше јунак, но две минути подоцна можеше да стане трагичар

Компани во 70. минута беше јунак, но две минути подоцна можеше да стане трагичар

Манчестер Сити синоќа на Етихад успеа да го совлада Лестер со минимален резултат 1:0.

Екипата на Лестер долго пружаше отпор на Граѓаните кои напаѓаа со сите сили на голот на гостите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шансите се редеа една за друга, но топката не сакаше да влезе во голот и кај навивачите на Сити веќе имаше загрижени изрази на лицата.

Сепак, капитенот на Сити, Винсент Компани во 70. минута го постигна голот на кариерата и ја донесе својата екипа во предност, а на крајот овој гол беше вреден победа, а многу веројатно и вреден титула.

Сепак, само две минути после постигнатиот погодок малку недостасуваше Компани од јунак да стане трагичар на Сити откако Ѓундоган ја додаде топката на него, а капитенот на Сити се клизна и изгледаше дека играчот на Лестер ќе се најде во шанса за гол.

За среќа на навивачите на Граѓаните, Компани на време успеа да се подигне од теренот и да дојде до топката, а со тоа спречи и стопроцентна шанса за гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…