Утре се игра реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Барселона.
Барселона во првиот натпревар славеше со 3:0 на „Ноу Камп“, иако Ливерпул одигра толку лошо. Во реваншот ќе бидат ослабени и голем дел од фудбалската јавност не верува дека „црвените“ можат да направат сензација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се појавија гласини дека Вирџил Ван Дијк има проблеми со повреда (тука), а без него одбраната на Ливерпул тешко ќе го запре нападот на Барселона.
Порнашениот напаѓач на Ливерпул Луиз Суарез постигна гол во првиот натпревар, а другите два беа дело на Меси. Суарез го славеше својот гол на „Ноу Камп“, а со тој потег ги разочара навивачите на својот поранешен клуб.
Суарез сега најави дека нема да слави на таков начин ако постигне гол на „Енфилд“.
„Имам голема почит кон навивачите на Ливерпул. Многу сум им благодарен. Доколку постигнам гол во овој натпревар нема да славам на ист начин“, порача Суарез пред натпреварот.
Луис Суарез „Енфилд“ го напушти пред пет години кога премина во Барселона за околу 82 милиони евра. Уругваецот остави длабока трага во Ливерпул со оглед на тоа дека на 133 натпревари во црвениот дрес во сите натпреварувања постигна 82 гола и запиша 47 асистенции.