Дома Фудбал Лига на шампиони Шок за Ливерпул и Клоп: Ван Дијк под знак прашалник за утрешниот натпревар?!

Шок за Ливерпул и Клоп: Ван Дијк под знак прашалник за утрешниот натпревар?!

Ливерпул утре на „Енфилд“ ќе ја пречека Барселона во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Мохамед Салах и Роберто Фирмино сигурно ќе го пропуштат овој натпревар, а Клоп би можел да се најде во уште поголеми проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Вирџил Ван Дијк и Алекс Окслејд-Чемберлејн го пропуштија тренингот пред реваншот против Барселона. Тие денес тренираа посебно оделно од остатокот на тимот.

Не е позната причината зошто овие двајца играчи го пропуштија тренингот на Ливерпул, но ниту дали ќе настапат утре против каталонскиот тим.

Доколку Јирген Клоп остане и без Вирџил Ван Дијк кој е главен играч во одбраната тоа би било голем удар за Ливерпул кој и онака има тешка задача.

Ќе потсетиме, Барселона предводена од Лионел Меси во првиот натпревар на „Ноу Камп“ оствари убедлива победа од 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…