Веќе се приближува летниот преоден рок, а покрај спектакуларните трансфери кои се најавуваат интересно ќе биде да се види каде ќе завршат и тренерите кои моментално немаат ангажман.
Секако, најголемо внимание привлекуваат Жозе Мурињо и Антонио Конте, а сега „Екип“ ексклузивно ги откри нивните следни клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот е без работа од декември кога доби отказ од Манчестер Јунајтед, додека Италијанецот цела сезона одмора по разделбата со Челзи.
Угледниот „Лекип“ од свои добро упатени извори открива дека Мурињо од следната сезона ќе го води тимот на Рома, но само под услов ако обезбеди пласман во Лигата на шампиониоте.
Весниот тврди дека Конте од следната сезона ќе се пресели во Милано, на клупата на „нероаѕурите“.