Дома Фудбал Останато Мурињо најави можни добри вести за Касиљас!

Мурињо најави можни добри вести за Касиљас!

Пред два дена светот остана во шок откако беше објавено дека Икер Касиљас имал срцев удар на тренингот на Порто.

Легендарниот шпански голман итно беше пренесен во болница каде што му беше вграден стент, а докторите тврдеа дека нема шанси Икер со вграден таков стент да продолжи да брани фудбалските терени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Икер се огласи од болница со фотографија на социјалните мрежи со која порача дека се е под контрола.

Неговиот агент Карлос Кутриоп го опиша срцевиот удар како најголема победа на Икер во неговата кариера, тој порача дека последиците можеле да бидат фатални ако застојот на срцето на Икер се случел во неговиот дом.

„Не беше сигурен што се случува. Не ја изгуби свеста, само почуствува потешкотии, но не ни помисли дека станува збор за срцев удар. Тоа му го кажаа дури после операцијата“, изјави Ктриоп.

На крајот за среќа се беше завршено добро, а играчите и тренерите како и клубовите ширум светот испраќаа пораки на поддршка до Икер. За него зборуваше и Жозе Мурињо со кого немаше добар однос во Реал.

„Сите знаат дека дојде до мал конфликт кога одлучив тој да не брани. Не ми беше лесно да донесам таква одлука, но имаме позитивен однос, не е како што мислат луѓето. Веднаш ги побарав луѓето во Порто за да дознаам што се случило“, изјави Мурињо.

Тој најави и дека дури Икер би можел повторно да брани.

„Икер е во добри раце. Порто има одлични доктори, дури се зборува дека и би можел повторно да застане на голот“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…