Мауро Икарди во претходните денови привлече големо внимание од италијанската јавност.
Не станува збор за внимение добиено со игрите на теренот, туку со акциите кои ги води заедно со неговата сопруга Ванда Нара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа и минатата недела во јавноста се појавија голем број фотографии на кои двајцата се голи. Тоа привлече различни коментари, а италијанските новинари го прашаа тренерот на Интер, Лучијано Спалети да даде негово мислење.
Одговорот кој го добија може да се каже и дека беше очекуван.
„Не знам на што точно мислите. Кога е тука во клубот секогаш е облечен. Тоа е она што мене ме интересира“, изјави Спалети.
Потоа тренерот на Интер продолжи да зборува за аргентинскиот напаѓач.
„Работите кои се случија во минатото веројатно го лимитираа. Сепак, она што е посебно кај него е тој баланс во играта кој го има и тоа ќе му ги врати бројките кои ги имаше. Кога јас би се прашувал не постои проблем со него“, истакна Спалети.
Икарди на почетокот на годината не играше за Интер поради стопираните преговори за нов договор, а му беше одземена и капитенската лента.