Лионел Меси игра уште една чудесна сезона.
Во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека за оваа сезона нема многу дилеми и дека Лионел Меси со сигурност ќе го освои ова признание, неговите настапи сезонава се навистина неверојатни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На теренот изгледа како Меси да може постигне гол кое ќе посака, а посебно воодушевува со головите од слободни удари кои за него станаа огромна специјалност.
Оваа сезона бевме сведоци на прекрасни голови на Меси од слободни удари, а поранешниот кондиционен тренер на репрезентацијата на Аргентина, Фернандо Сињорини откри како Меси станал толку добар во изведувањето на слободни удар.
Тој тврди најзаслужен за мајсторството на Меси е легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Во февруари 2009 година, неколку месеци откако Марадона ја превзема должноста селектор игравме пријателски натпревар во Фрацнија. Еден ден претходно одработен беше тренинг, а Меси, Тевез и Маскерано побараа да останат подолго за да вежбаат слбоодни удари“.
„Меси имаше само еден шут кој заврши далеку над пречката. Се налути самиот на себе и побрза во соблекувалната под туш. Тогаш се вмеша Марадона и беше бесен. Марадона не можеше да верува дека така талентиран играч само така оди под туш откако очајно извел слободен дар. Одлучи да му укаже на грешките, му кажа да не го крева стапалото од топката толку брзо и му покажа како тоа изгледа во пракса. Меси го гледаше и беше воодушевен“, откри Сињорини.
Денес Меси стана специјалист за слободни удари, погодува дури и од 30 метри, а можеби за се е „виновен“ советот од Марадона.