Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дијк: Никој не може да го запре Меси, па ниту јас

Ван Дијк: Никој не може да го запре Меси, па ниту јас

Вчера Барселона го победи Ливерпул со 3:0 во рамките од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Ливерпул во своите редови го има најскапиот стопер на светот и човекот кој беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата, Вирџил Ван Дијк.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Меѓутоа ниту тој немаше решение за чудесниот Аргентинец.

Меси прво постигна погодок за 2:0 кога после погодената пречка на Суарез со топка влезе во голот на Ливерпул, а потоа со еден магичен слободен удар од далечина го погоди аголот од голот кој го брани Алисон.

Навивачите на Ливерпул се надеваа дека Ван Дијк ќе пронајде решение за Меси, но очигледно ниту Холанѓанецот не знаеше како против него.

После натпреварот Ван Дијк јавно го пофали Аргентинецот и порача дека не загубиле од Барселона, туку од најдобриот играч на сите времиња.

„Ние вечерва не изгубивме од Барселона, ние изгубивме од најдобриот фудбалер кој некогаш се појавил на фудбалските терени. Меси не може никој да го запре, па ниту јас. Целиот тим на Барса не ни правеше проблем, нашиот проблем беше Меси. Кога го постигна првиот гол како Флеш се појави пред голот. Навистина не знам што повеќе да кажам. Среќен сум сум што не треба да играм секоја сезона против него“, изјави Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал договори големо засилување

Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на одличниот напаѓач Бенџамин Шешко од Лајп…