Раководството на Арсенал ќе се обиде ова лето да го донесе шкотскиот репрезентативец и член на Борнмут, Брајан Фрејзер, пренесуваат медиумите на Островот.
„Топџиите“ на крајот на сезоната ќе останат без Арон Рамзи, кој се сели во Јувентус, па сметаат дека токму Фрејзер ќе биде идеална замена за Велшанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот офанзивен играч за врска има одлична сезона со Борнмут каде постигна 7 гола и запиша 13 асистенции во Премиер лигата.
Фрејзер одби да го продолжи договорот со Борнмут кој му истекува во 2020 година, па клубот ќе биде приморан да го продаде ова лето.
Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент и Фрејзер веќе им кажал ДА на „топџиите“.
„Нема да лажам дека ми годи интересот од Арсенал. Тоа е огромен клуб, би бил среќен ако го облечам тој дрес“, изјави Фрејзер.
EXCLUSIVE: Arsenal target Ryan Fraser ready to quit Bournemouth – with Spurs & Chelsea also interested |@JamesNursey https://t.co/q3x1G7GAdR pic.twitter.com/k16QwN5Ovn
— Mirror Football (@MirrorFootball) April 29, 2019