Дома Фудбал Англија Проблеми за Клоп: Фирмињо неизвесен за Барселона

Проблеми за Клоп: Фирмињо неизвесен за Барселона

Екипата на Ливерпул најверојатно на гостувањето кај Барселона во првиот полуфинален натпревар во ЛШ ќе биде ослабена со неиграњето на Роберто Фирмињо, кој се пожали на повреда на бутниот мускул.

Бразилскиот напаѓач синоќа не играше против Хадерсфилд, а англиските медиуми пренесуваат дека ќе биде неизвесен и за натпреварот во среда против Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фирмињо тренираше во четвртокот сосема нормално. Вежбавме прекини и се беше во ред со него. Не видов кога се повреди, најверојатно при крајот на тренингот почувствува болка. Боби е неверојатен борец, тешко можете да го одвоите од топката. Не сакавме да ризикуваме и затоа не играше против Хадерсфилд, но ако постои и најмала шанса, тој ќе игра против Барселона“, изјави Клоп.

Фирмињо ќе патува со екипата за Барселона, но конечната одлука дали ќе настапи на натпреварот во среда ќе ја донесе лекарскиот тим непосредно пред стартот на средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…