Дома Македонски спорт Мак фудбал Беласица и Победа победуваат како во трка за шампионска титула, Вардар славеше во Ѓорче

Беласица и Победа победуваат како во трка за шампионска титула, Вардар славеше во Ѓорче

Денес беа одиграни натпреварите во рамките од 30-тото коло во македонската прва лига.

Беласица и Победа кои се борат за опстанок остварија победи. Беласица победи против Шкендија со 2:1 во Струмица.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пепи Георгиев во 5-тата минута и донесе предност на Беласица, до удвојување на предноста Беласица стигна со автоголот на Бејтулаи. Конечните 2:1 ги постави Шефити на 20 минути до крајот на натпреварот.

Вардар на гости со головите на Бојан Колевски ја победија Македонија Ѓ.П со 0:2.

Работнички на домашен терен изгуби од Победа со 1:2. Емил Вијачки во 12-тата минута ги доведе во водство „романтичарите“, а Баже Илијоски на стартот на второто полувреме не реализираше најсторга казна. Во 74-тата минута Трајче Ефремов искористи грешка во одбраната и изедначи на 1:1, а две минути подоцна Ангелче Тимовски стрелаше за целосен пресврт.

Ренова со 1:0 (Бојан Миовски) славеше против Силекс, со истиот резултат и Шкупи славеше против Академија Пандев, голот го постигна Бесар Исеини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…