Дома Трансфер зона Гвардиола ќе го убедува Сити да плати 60 милиони за момче со 750 минути сениорски фудбал!?

Гвардиола ќе го убедува Сити да плати 60 милиони за момче со 750 минути сениорски фудбал!?

Пеп Гвардиола пронајде според него нов голем талент.

Како што пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчестер Сири спремил понуда за дефанзивниот играч за врска на Бенфика, Флорентин Луис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој 19 годишен фудбалер дури оваа сезона доби прилика да се најде во првиот тим на „Орлите“, а во неговиот договор доби клазула во износ од 60 милиони евра.

Во Бенфика сега се надеваат дека тоа можат да го променат и на талентираниот играч за врска му нудат нов договор со клазула од 100 милиони евра.

Ова момче е родено во Лисабон, од 2010 година е со клубот и ги помина сите младински селекции ПСЖ веќе испрати понуда за неговите услуги, но Бенфика ја одби, а скаутите во него гледаат одличен наследник на Фернандињо.

Луис има договор со Бенфика до 2023 година, Гвардиола изгледа сериозно загризал и „граѓаните“ би можеле да ја платат клазулата и да го доведат во своите редови веќе ова лето.

Инаку, Флорентин запиша само седум настапи за Бенфика во португалското првенство, постигна и еден гол, додека три пати доби шанса во Лигата на Европа. На теренот во официјални натпревари има поминато вкупно 750 минути.

Очигледно Пеп смета дека има огромен потенцијал кога е спремен да побара од управата на Сити за него да плати 60 милиони евра.

https://youtu.be/wyqnfHfyOII

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…