Реал Мадрид веќе неколку преодни рока наназад се поврузва со доведување на одличниот играч за врска од редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Овој дански фудбалер и во преодниот рок кој следи е една од желбите на Зинедин Зидан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми, поточно „Диарио гол“ пренесува претседателот на Реал Мадрид веќе се обидел да ги направи првите чекори за ангажман на Ериксен.
Според нивните информации, Перез го „опипал“ пулсот во Лондон, но не може да се каже дека добил позитивни вести за Мадрид. Наводно, во Тотенхем биле јасни и во замена за Ериксен го побарале Модриќ и 50 милиони евра.
За првиот човек на Реал ваквите барања се лудост, посебно затоа што Хрватот е актуелен освојувач на „Златната топка“ и зад себе има година во која ги собра сите поважни индивидуални награди.
Меѓутоа она што е добро за Реал Мадрид е што Тотенхем нема да има премногу простор да поставува луди услови ако Ериксен сака да се пресели во Реал. Имено, договорот на Данецот важи уште една година, до јуни 2020.
Доколку во претсојниот период Ериксен не стави потпис на нов договор, а сака да ја промени средината во Тотенхем нема да имаат премногу избор освен да ги намалат своите побарувања.