Барселона вчера во рамките од 33-тото коло од шпанската Ла Лига триумфираше против Реал Сосиедад со 2:1.
Ленглет и Алба донесоа победа на Каталонците која ги доведе на чекор од титулата, а после натпреварот со Сосиедад стигнаа обвинувања на сметка на главниот судија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на баскискиот тим Рули смета дека вториот гол на Барселона, оној на Алба требало да биде поништен поради недозволена позиција.
Алба шутираше и постигна погодок, но прашање е дали неговиот соиграч му сметаше на голманот Рули и дали влијаел на целата ситуација.
„Судијата барем од почит требаше да ја погледне снимката. Не може таков очигледен офсајд да не се прегледа кога се има таква можност“, изјави Рули.
?️Rulli, portero de la Real Sociedad: "Debería haber ido a ver la jugada al menos por respeto. No puede ser que un fuera de juego tan claro no sea interpretado por el árbitro" pic.twitter.com/jc9Nr84hn8
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 20, 2019
https://youtu.be/jIrC0Jb_97c