Лацио не го искористи киксот на Милан и загуби на домашен терен од Киево, Болоња и СПАЛ запишаа важни победи во борбара за опстанок.
Мечот започна лошо за Лацио, откако Сергеј Милинковиќ-Савиќ направи непромислен потег, гу удри противничкиот играч и заработи директен црвен картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме гостите го шокираа „Олимпико“ со два гола во пет минути. Вињато во 49-та и Хетемај во 51-та минута му донесоа голема предност на Киево. Лацио до крајот успеа само да го ублажи поразот со голот на Каиседо.
Џенова без нашиот Горан Пандев беше поразена од Торино со 0-1, а Удинезе и Сасуоло ги поделија бодовите (1:1)
Болоња на домашен терен ја победи Сампдорија со 3:0, а СПАЛ запиша важна победа на гости кај Емполи со 2:4